Се укинува носењето маска на отворено

Почнувајќи од денеска, 2 јуни, се укинува носењето заштитна маска на отворено, дозволено е присуство на публика на стадионите и се дозволува организирање на свадби и веселби.

Владата вчеравечер на седница ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Со одлуката на владата се укина забраната за носење маски на отворено, но останува задолжителното носење во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори. Присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено е дозволено, но само до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители

Владата, исто така, ја укинува забраната за групирање на јавен простор, а на угостителите им дозволи да организираат свадби, прослави и друг вид веселби на летни тераси, до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 отсто од капацитетот на објектот и до максимум шест лица на маса, со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата.

Се препорача и укинување на мерката за работа во смени и од далечина и продолжува да важи забраната за движење од 24.00 до 4.00 до 15 јуни.

 

 

(Фото: МИА)