Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се чека на Франција за конечна одлука за датумот за преговори
Политика

Се чека на Франција за конечна одлука за датумот за преговори

септември 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјите членки на Европската Унија сѐ уште не донеле конечна одлука за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија, заклучоците се во фаза на подготовка, а Франција сѐ уште не изнела конечна позиција, брифираа денеска високи дипломати
во Брисел.

Земјите членки на ЕУ треба да постигнат согласност за датумот за преговори до 15-ти октомври кога во Луксембург ќе се состанат министрите за надворешни и европски прашања, а датумот за Северна Македонија и Албанија ќе биде една од главните теми на дневен ред.

Според високи дипломатски извори во Брисел, атмосферата е позитивна за Северна Македонија, многу помалку за Албанија, посебно по гласањето на германскиот Парламент, кој постави услови за Тирана.

Се огласи и холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок, кој во Парламентот посочи дека двете земји треба да се оценуваат одделно и дека напредокот во земјава е поголем отколку во Албанија.

В среда, земјите на ЕУ се состануваат на амбасадорско ниво и ќе разговараат, меѓу другото, за датумот за преговори.

„Се надеваме дека до среда ќе имаме повеќе информации од францускиот амбасадор во поглед на нивниот став за ова прашање, знаете дека е потребна едногласност по ова прашање“, вели за МИА дипломат од западна земја членка на ЕУ инволвиран во подготовките на претстојниот Совет за општи работи.

Од француска страна за сега одбиваат да соопштат какви било детали околу нивната позиција до медиумите, додека други земји членки на ЕУ шпекулираат дека со одлуката во Германија и Холандија да се одвојат Тирана и Скопје се олеснува носењето позитивна одлука за Северна Македонија.

„Отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија е предлогот на Европската Комисија и тоа е тоа што се обидуваме да го туркаме, но не можеме да предвидиме што ќе се случи. Германија имаше јасно гласање кое е многу поволно за Северна Македонија, а условено за Албанија“, вели овој дипломат.

Дипломатите не ја исклучуваат можноста да не биде постигнат конечен договор на дипломатско ниво до 15-ти и одлуката да ја донесат самите министри за време на Советот тој ден.

Одлуката за отворање преговори со Македонија и Албанија беше одложена минатиот јуни поради гласањето во германскиот Бундестаг, кое конечно се одржи минатата недела.

Одвојувањето на двете земји е варијанта која долго време се споменува во Брисел и во некои земји членки.

Македонската страна стави на знаење дека поддржува старт на преговори за двете земји, но дека Скопје не смее да биде заложник на евентуална негативна одлука за Тирана.

Одредени земји членки на Унијата, кои имаат резерви кон проширувањето додека не се реформира ЕУ, размислуваат за задржување во „пакет“ на двете земји за да може да се одложи повторно прашањето, но со последните одлуки во Германија и Холандија станува сѐ поизвесно дека се оди кон одвојување на двете земји.

Останува да се види во кој облик и со какви заклучоци.

актуелно одлука преговори Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.