Се чисти струшкото крајбрежје во пресрет на туристичката сезона

Во пресрет на туристичката сезона, екипи на јавното претпријатие „Комунално“ интензивно работат на расчистување на градот, со посебен акцент на плажите и шеталиштата.

Теренските работници, како што информира директорот Икмет Ислами, деновиве спроведоа акција за генерално чистење на крајбрежјето и пешачката патека на потегот од Црвен Крст до Евро хотел.

Во рамките на акцијата се вршеше машинско косењесо специјален приклучок на трактор, мучер, чистење на ивичните траки и дивата вегетација, кастрење суви и надвиснати гранки, подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за отпадоци, како и миење на пешачката и велосипетската патека со цистерна, изјави Ислами.

Директорот на претпријатието упати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните површини и садовите за одлагање отпад, да не фрлаат отпадоци на секаде, за како што рече, да ја зачуваме Струга, онаква како што заслужува.

Струга, веќе го добива заслужениот изглед, од ден на ден станува се поатрактивна и за нашите граѓани и за туристите, кои ќе го посетат градот оваа летна сезона, рече Ислами.