Силва и Вархеји одат во Софија во потрага по решение за спорот со Бугарија

Бугарските медиуми известуваат за утрешната посета на Софија на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Бугарски „Дневник“ очекува дека посетата е во потрага по решение за спорот, кој со месеци ги блокира преговорите на Бугарија и Македонија.

Весникот додава дека Португалија, која претседава со Европската унија, сака до крајот на јуни да се деблокираат преговорите со Македонија и дека со приближување на состанокот на Европскиот совет, следниот месец, на кој треба да се разгледаат преговарачките рамки на Македонија и Албанија, проблемот на Бугарија со македонската страна повторно се враќа на дневен ред.

Одобрувањето на преговарачката рамка е патот кон одржување на првата меѓувладина конференција со двете држави и вистински почеток на преговорите со ЕУ.

Софиските медиуми, исто така, јавуваат дека на агендата на Вархеји и Силва во Бугарија се средби со официјалниот претставник на земјата – Румен Радев, со привремениот премиер Стефан Јанев и привремениот министер за надворешни работи Светлан Стоев.

Според бугарските медиуми, Македонија очекува Силва и Вархеји да пристигнат со предлог за решавање на кризата.

 

 

(Фото: МИА)