Силен земјотрес е регистриран непосредно пред 9.30 часот утринава со епицентар меѓу грчките острови Крит и Китира, а според првичните информации во Грција бил со јачина од 5.8 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако епицентарот е на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.







