Силен земјотрес во Турција, има повредени

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 4:08 часот по локално време во западна Турција во близина на градот Дузча, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.

Најмалку 35 лица се повредени, соопштија официјални лица.

Тресењето беше доволно силно за да се почувствува прилично во Истанбул и во главниот град Анкара.

Проценките за длабочината на земјотресот варираат од 2 до 10 километри.

Вториот земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран 20 минути по првиот.

Има извештаи за прекин на електричната енергија во регионот погоден од земјотресот, како и за тоа дека луѓе скокале од балконите.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека засега нема информации за загинати.

Турската агенција за справување со катастрофи објави дека 32 се повредени во Дузче, еден во Истанбул, еден во Зонгулдак на брегот на Црното Море и еден во Болу, на југоистокот на земјата.