Силен земјотрес кај архипелагот Тонго

Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени утринава се случи кај архипелагот Тонго, во Тихиот океан.

Американскиот геолошки институт соопшти дека потресот бил на 134 километри од градот Неифу, втор по големина на островите.

Надлежните не издадоа предупредување за можно цунами.