Силен земјотрес ја погоди Австралија

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска слабо населеното подрачје на западот на Австралија, соопшти денеска Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри од градот Марбл Бар, наведе Заводот.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар информираше дека потресот бил со јачина од 5,9 степени и дека се случил на длабочина од 40 километри.

Тоа подрачје има многу топла пустинска клима.