Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала го погоди рано утрово источниот дел на Индонезија и се почуствува на островот Бали.

Тревога за цунами, сепак, не е објавена.

Засега нема информации за направени штети или за повредени.

Земјотресот е регистриран на околу 300 километри источно од Бали, кај островот Сумбава, на длабочина од околу 70 километри.

Жителите истакнуваат дека тресењето траело прилично долго.

Во разорен земјотрес и во цунамито што следеше веднаш потоа, во 2004 година во овој регион загинаа 230.000 луѓе.

Индонезискиот архипелаг е подложен на вулкански ерипции и земјотреси затоа што се наоѓа на подрачјето на „огнениот појас“ на Тихиот океан, кој ја зафаќа тектонската плоча од западната полутопка, преку Јапонија и југоисточна Азија.