Силен ураган се движи кон Бермудите

Ураганот Никол, очначен како „исклучително опасен“ којшто е ставен во категоријата четири, на скалата до пет, се движи кон Бермудите, британска територија во Атланскиот океан, предупредува американскиот Национален центар за урагани.

Според предвидувањата, ураганот Никол, со максимална силина на ветрот од 215 километри на час денес ќе помине преку Бермудските острови.

Бермудите треба да се подготват за опасна бура, разурнувачки бранови и обилни дождови и жителите да побрзаат со подготовките за да ги заштитат своите животи и својот имот, предупредува центарот.

Ураганот Метју кој минатата недела мина преку Карибите и САД беше исклучително разорен.

На Хаити Метју усмрти 473 лица, а 175 илјади се погодени од невремето и имаат материјална штета.