Неколку лица се повредени во силното невреме што го зафати северозападниот дел на Италија и предизвика материјална штета.
Во близина на Милано вчера беа повредени неколку постари граѓани кога врз нив паднало дрво, а еден маж се здобил со тешки повреден, јави агенцијата АНСА.
Еден човек близу Милано го загубил животот кога ветрот соборил две дрвја. Во регионите Ломбардија и Пиемонт, срушените стебла предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите беа делумно затворени.
Силниот ветар откорна дел од покривот на главната железничка станица во Милано.
Материјани штети се направени и во провинцијата Варезе. Таму целосно е уништен покривот на едно училиште.
Пожарникарите соопштија дека до вчера рано попладне имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија, а Агенцијата за цивилна заштита и одбрана извести дека невремето може да продолжи и денес.
(Фото: ЕПА)