Синот на Гадафи ќе ја спасува Либија!?

LinkSense.mk

На 24 декември годинава, додека Запад ќе се подготвува за прослава на раѓањето на Исус Христос, планирано е Либија со парламентарни избори да го прослави враќањето на државното единство и влегувањето во демократија. Едно име посебно привлекува внимание.

Саиф ал-Ислам ел-Гадафи ја најави својата кандидатура за нов водач на обединета Либија во интервју за „Њујорк тајмс“ во јули годинава.

Од една страна може да се пофали неговата смелост да се фрли во политичкиот ринг во кој му настрадаа таткото и четворица од шесте браќа.

Од друга страна, пак, се поставува прашањето: која избирачка база за нов шеф на државата ќе го постави синот на човекот за кој се вели дека бил диктатор и дека не бил омилен?

Сето тоа е апсолутно нејасно. Таткото му го даде името Саиф ал-Ислам (Меч на Исламот), очигледно сакајќи кога ќе порасне да му даде водечка улога. Саиф, меѓутоа, своето борбено име досега не го оправда, а од политиката се повлече во 2008 година.

Сепак, во 2008 одбрани докторат во престижното Лондонско економско училиште. Подоцна беше обвинет дека докторатот го купил, односно дека некој друг му го напишал. Но, кога после убиството на Гадафи, трудот беше проверен, утврдено е дека е веродостоен, освен неколку референци.

Неговата мајка Сафија ел-Барсаи родена е, според прилично веродостојни извори, во Мостар во 1952 година како Софија Фаркаш, внука на Иван Фаркаш, некогашен австриски училишен окружен надзорник во Мостар, кој во градот под Бели брег се преселил од Петриње.

Наводно, се запознала со Гадафи додека била медицинска сестра во белградската Воено медицинска академија, а тој таму се келувал од акутно воспаление на слепото црево.

Излезот од отровниот либиски хаос нема да зависи од ликот и делото на новиот лидер, туку од факторите кои влијаеја на тоа Либија да стане една од „токсичните“ дамки на Средоземното море и во Африка.

„Развојот и во меѓународниот систем и во Либија во последните десет години сугерира дека силите кои промовираат неред и националистичка конкуренција можат да ги надминат оние кои се за ред и меѓународна координација“, рече неодамна Џејсон Пак, основач на консултантската фирма „Либија Аналитикс“ и автор на книга за Либија.

Либија е вештачка колонијална творба. Италија во 1911 година го нападнала Отоманското царство, му ги одзела Родос и Додеканез во Егејското море, Триполитани во Магреб, Циренаико во традиционално египетската сфера, и Фрезан во средна Африка.

Дури во 1934 година Италија трите одземени колонии ги споила во една и и го дала името Либија, како што антички Рим ја нарекувал Африка. Истиот јазик не можел да го обедини она што историјата многу одамна го поделила, па така ниту Циренаика и Триполитанија, а не пак берберски Фезан, каде што денес внатрешен суверенитет имаат само тамошните племиња.

Губејќи ја Втората светска војна, Италија морала да се откаже од своите афрички колонии. Обединетите нации ја прогласија Либија за независно кралство, точно 70 години пред овогодинешните евентуални избори, на 24 декември 1951 година.

Денес, дури и ако современа Либија успее да организира слободни и чесни избори, тие можат да направат повеќе збрка отколку што би можеле да ја ублажат состојбата, проценува хрватски „Глобус“.

Дури ни иницијаторите на изборите не тврдат дека ќе произведат неспорна, суверена и уставно легитимна либијска влада. Обидите на САД и Велика Британија да ги убедат „непослушните“ актери (Русија, Турција и некои заливски држави) да ги координираат своите интервенции во Либија се половични.

Во овој момент Египет и Русија ги имаат своите долги прсти пуштено во Циренаика, каде што сета власт лежи во рацете на самонарешениот маршал Калифа Хафтар. Тој се обиде да ја освои и Триполитана, но во таа намера конците му ги замеша Турција, која сега посредно доминира со таа зона, единаесет децении откако од таму ја истераа Италијанците.

Италија сеуште има значителни интереси во лежиштата на гас и нафта во Циренаица. Таму замки и поставуваше Франција, која впрочем и го иницираше крвавото соборување на Моамер ал Гадафи со воена интервенција во 2011 година, но не покажа доволно сила, а ниту памет да ја подготви таа држава за идното време, оставајќи ја Либија во потполн хаос. Додека Французите и Италијанците меѓусебно се препираа, дојдоа Турците и Русите.

Русите ги „застапува“ значителен и добро опремен контигент на руски контрактори, професионални платеници, кои во начело де дејствуваат надвор од политичките интереси на Москва. Им припаѓаат на групата на „Вагнер“ (Wagner), приватна фирма за обезбедување која ја води Евгениј Прогожин, олигарх и личен пријател на Владимир Путин.

Турција не и скокна во помош на привремена влада во Триполи бесплатно. Реџеп Таип Ердоган со привремената влада направи договор за заедничка епиконтинентална платформа меѓу Либија и Турција, која од аксплоатација на нафтени извори во Средоземното море ги исклучува и зоните околу Кипар и Крит, а со тоа се разбира и Грција. Владата со која сега претседава Абдулхамид Деибех е преслаба за да може да смета дека ќе завладее со Либија ако не добие помош од Турција.

А, сите главни „играчи“ би имале многу корист ако Либија биде повторно во „системот“. Тоа би значело дека земјата ќе може да троши, односно да инвестира милијарди долари во унапредување на гасовод, вработување на мигранти, надзор на своите граници и пружање на подобар животен стандард на Либијците.

Наспроти тоа, неуспесите од меѓународната координација и понатаму доведуваат до тоа политиката да постигнува резултати далеку од оптималните. Поедноставено кажано: помагаат Либија да ја молзат платеници, кучиња на војната, шверцери на мигранти и слични такви пробисвети.

Сето тоа заради она дека сите и малку посилни земји, вплеткани во либискиот хаос, кои би можеле да имаат корист од можен повторен колосален либиски економски раст, попрво би се расправале околу тоа кој ќе има најмногу корист од пленот веднаш, не сметајќи на заработката утре.

Континуираната анализа на Пак за Либија претставува единствена точка која покажува зошто современиот меѓународен систем не успева да ги реши проблемите од колективно дејствување.

Државата е геостратешки корисно сместена и богата со ресурси, заради што Турција, Катар, Емиратите, Египет и Русија таму пуштија длабоки корени, завземајќи ги работите кои претходно во свои раце ги имаа западните нации. А, каков таков ред би им користел и на Либијците.

Ако, на пример, Гадафи беше соборен за време на Студената војна, следната влада несомнено би ја сочинувала коалиција која би била поддржана од Запад со Соединетите Американски Држави на чело. Тогаш би било незамисливо дека, во евентуална граѓанска војна во земјата, клучните НАТО членки би го поддржале она што го направија Франција и Италија во Либија. Денес членките на Атланскиот воен сојуз се одри да се поткопаат една со друга зад грб, како што се случи тоа со Америка, Велика Британија и Австралија од една и Франција од друга страна, во случајот „Подморници“.

Пак наведува дека случувањата во Либија допринесоа и за изборот на Трамп во 2016 година но и за Брегзит.

Партиската омраза околу смртта на амбасадорот Џ.Кристофер Стивенс во Бенгази и стравот од мигрантите кои го преминуваат Средоземното море беа клучен елемент кои го фаворизираа нео-популистичкиот исход и на изборите во САД во 2016-та и на референдумот за Брегзит“, смета тој.

Во сето ова Либија е можеби важна како очигледен пример за хаос и од таму и „студија за случај“.