„Син кит“: Уапсен уште еден администратор на самоубиствената игра

LinkSense.mk

Рускиот државјанин Иља Сидоров (26) е уапсен под обвинение дека стои зад играта „Син кит“, која ја поврзуваат со самоубиствата на 130 лица.

Се претпоставува дека Сидоров е поврзан е со Филип Будејкин, 21-годишен Русин, кој е веќе зад решетки под исто обвинение.

Сидоров се сомничи дека „охрабрувал младите да си наштетат себе си и на крајот да извршат самоубиство“.

Полицијата сега го испитува „скромниот поштар“ поради тврдењето на едно 13-годишно девојче дека го предизвикал да скокне под воз.

Децата кои се приклучувале добивале наредби себе си да си наштетат со остри предмети, да гледаат хорор филмови и да останат без сон додека извршуваат низа задачи кои имаат за цел да наштетат на нивниот ментален развој, а според објаснувањето на „играта“, 50 ден децата се согласуваат да извршат самоубиство.

Сидоров е уапсен затоа што, наводно, регрутирал 32 ученици во својата група.

Тој би можел да добие петгодишна казна затвор само поради тој случај, а од Министерството за внатрешни работи е соопштено дека Сидоров бил следен и поради случајот на едно четиринаесетгодишно девојче, која се обиде да се убие годинава во март.

„Осомничениот рече дека е администратор на таканаречената „група за самоубиства“ која се состои од 32 малолетни членови. Им давал задачи кои воделе кон самоубиство. Осомничениот е префрлен во затворот во Цељабинск“, се наведува во соопштението.

Претходно е уапсен Будејкин, осомничен дека стои зад „социјалната мрежа Син кит“.

Пред надлежните сега е да утврдат кој е одговорен за самоубиствата кои сеуште не се истражени, а за кои постојат сомневања дека имаат врска со активностите со кои се занимаваат уапсените Руси.