Сириската војска заведе уште еден кварт во Алепо

Сириската војска го ослободи квартот Тарик ал-Баб во бунтовничкиот источен дел на Алепо во големата офанзива за превземање на потполна контрола над тој град, соопштуваат од Опсерваторијата за човекови права.

Вооружените сили на Сирија сега контролираат околу 60 отсто од источен Алепо кои бунтовниците го зазедоа во 2012 година.

Војската ја превзеде контролата и над патот кој ги поврзува западните делови на Алепо под контрола на владата и меѓународниот аеродром во градот кој исто така е „во надлежност“ на власта во Дамаск.

Бунтовниците после жестокиот судир беа приморани да го напуштат Тарик ал-Баб, а големиот број цивили ги напуштија околните квартови.

Опсерваторијата наведува дека од 15 ноември, кога е обновена офанзивата на сириската војска на Алепо, во источниот дел од тој град загинаа 307 цивили, меѓу кои и 42 деца и 21 жена.

Во петгодишната војна во Сирија загинаа повеќе од 300.000 луѓе, а неколку милиони се раселени.