Сирија: Граната погоди избирачко место

Експлозија во Сирија се случи за време на гласањето во местото Дера, а како што јавуваат медиумите, во прашање била граната која била истрелана од западниот дел на градот.

Според наводите во новинските извештаи, во инцидентот нема загинати ниту повредени, гранатата експлодирала далеку од граѓаните. Предизвикана е само материјална штета.

Државјаните на Сирија денес излегуваат на избирачките места во Дамаск за да го дадат својот глас на претседателските избори во таа земја.