Фаворитите ги освоија бодовите на трите натпревари од Премиер лигата одиграни синоќа по кои Манчестер сити повторно е на врвот пред големиот ривал за трофејот Ливерпул.
„Граѓаните“ беа поуспешни од Кардиф, сигурни беа и лондонските Челзи и Тотенхем.
Постигнати резултати:
Челзи – Брајтон 3:0
Манчестер сити – Кардиф 2:0
Тотенхем – Кристал Палас 2:0.
Табела: Манчестер сити 80 бода, Ливерпул 79, Тотенхем 64, Арсенал 63 (натпревар помалку), Челзи 63, Манчестер јунајтед 61,…







