Скарлет Јохансон е „најисплатлива“ актерка од Холивуд

LinkSense.mk

Триесет и двегодишната холивудската актерка Скарлет Јохансон е прогласена за „најисплатлива“ актерка на годината според изборот на „Форбс“.

Филмовите во кои глумела, пред се „Капетан Америка: Граѓанска војна“ и „Аве, Цезар“, во 2016 година заработиле 1,2 милијарди долари.

На второто и третото место се нејзините колеги Крис Еванс и Роберт Дауни Јуниор со „заработка“ од 1,5 милијарди долари, а на четврто Австралијанката Мерго Роби, со „заработка“ од 1,1 милијарди долари, благодарение на улогите во филмовите „Одредот на отпишаните“ „Легендата за Тарзан“.

После нив следат Ејмо Адамс, Бен Афлек, хенри Кавил, Рајан рејнолдс, Фелисити Џоунс и Вил Смит.

Инаку, „Форбс“ своите годишни листи на „најисплатливи“ актери ги заснова на вкупната продажба на влезници, не сметајќи ги анимираните филмови.