Скопјани пијат безбедна вода

LinkSense.mk

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците на физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека во периодот од 29 февруари до 4 март оваа година, Секторот за санитарна контрола земал 184 примероци за микробиолошка анализа.

Оттаму посочуваат дека согласно добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

 

МИА