Производствената активност на фабриките во САД забележа скромен раст во септември, после неочекуваниот пад еден месец пред тоа.
Индексот на Институтот за управување со снабдувањето (ИСМ) порасна на 51,5 поени во септември од 49,4 колку што беа евидентирани во август, кога беше регистриран првиот пад во шесте месеци од годината, спофред показателите на оваа институција со седиште во Темпи, во Аризона, известува агенцијата „Блумберг“.
Новите порачки и производството тргнаа минатиот месец во нагорна линија, што укажува на перспективите за постепено подобрување во целиот американски преработувачки амбиент.
Индексот на ИСМ на нови порачки скокна за 55,1 поен во септември од августовските 49,1 бод, што е најголем раст од март. Показателот што го мери производството порасна на 52,8 од поранешните 49,6 поени, додека индексот на извозот незначително падна на 52 бода од 52,5 колку што беше во август.
Подобрен е и показателот на вработувањето во фабриките. Во септември се „измерени“ 49,7 поени, 1,4 поени повеќе од август кога беше објавено дека има 48,3 поени, се наведува во информацијата.