Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Словенечкото претседателство со ЕУ – нова надеж за Македонија
Македонија

Словенечкото претседателство со ЕУ – нова надеж за Македонија

јули 1, 2021Updated:јули 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. За Македонија, тоа значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите и нова надеж за почеток на преговори.

Европски високи претставници го охрабрија словенечкото претседателство да работи по предлогот што на владите во Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство, со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

„Деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ“, изјави минатиот месец словенечкиот претседател Борут Пахор.

Тој нагласи дека треба да се изнајде начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија и оти тоа е сега е не само политичко, туку и „морално прашање“ за Европа, нагласувајќи дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот.

„Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло“, рече Пахор, но додаде дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.

По завршувањето на Советот за општи работи (ГАК) на 22 јуни, државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази жалење дека и покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за преговарачката рамка за Македонија и Албанија, за да се одржи првата меѓувладина конференција со овие две земји кандидатки за членство во Унијата.

Таа додаде дека напорите да се дојде до позитивен заклучок ќе продолжат за време на претстојното словенечко претседателство, кое почнува на 1 јули.

Закаријаш рече дека и натаму ќе се преговара по предлогот на португалсткото претседателство за изнаоѓање на решение за спорот меѓу двете земји.

Таа истакна дека португалското претсадетелство дало се од себе за да дојде до можен компромис и да се најде можно решение.

„Навистина би сакале денес да имавме, не две, туку четири меѓувладини конференции. Но, разбираме дека е многу тежок политички момент. Затоа би требало да најдеме решение со кое сите страни би се чувствувале комфорно. Го охрабруваме словенечкото претседателство да ги продолжи нашите напори, да не го загуби моментумот, да ја продолжи дебатата и да го искористи предлогот што е на маса. Навистина се надеваме дека што е можно поскоро ќе ги одржиме тие две меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија за време на следнот семестар“, рече Закариаш.

На дебатата по прашањето за преговарачката рамка за Македонија и Албанија, за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на 22 јуни, бугарскиот претставник рекол дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули, без да дава гаранции дека и идната политичка Влада во земјата ќе го деблокира ветото.

На состанокот на ГАК, Германија покажа силна заложба за почетокот на преговорите со Македонија, но бугарската страна одби да попушти и покрај предупредувањата на земјите членки на Унијата дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“.

Берлин предупредил дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“.

Како што тогаш изјавија дипломати на ЕУ, на Софија и било предочено дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“.

Мнозинството земји членки исто така го потврдиле ставот дека се против одвојување на Албанија и Македонија.

Германскиот министер за Европа Михаил Рот, пак, за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави дека Унијата без одложување треба да ги исполни обврските кон Македонија и Албанија.

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, минатата недела исто така потврди дека Словенија ќе ги преземе напорите за предлогот на португалското претседателство со ЕУ.

Според него, октомври сега е реален датум за деблокада на европерспективите на земјава.

„Северна Македонија си ја заврши ‘домашната задача’ и ние мора да испорачаме. Tреба да продолжиме да го туркаме процесот и да стигнеме до целта, за да ги почнеме преговорите“, рече Гир.

„Дали октомври е реален? Да. Како што кажав, португалското претседателство работеше напорно, а Словенија потенцираше дека ова и е приоритет и ќе ја продолжи работата. И мислам дека сите разбираме дека треба да продолжиме да го туркаме процесот за да стасаме до целта и да ги почнеме преговорите“, истакна евроамбасадорот.

 

актуелно албанија бугарија Европска унија македонија преговори словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.