Словенија и Хрватска пред решение за Пиранскиот залив

LinkSense.mk

Хрватска и Словенија за кратко време ќе најдат решение за риболовниот режим на границата меѓу двете земји, изјавија премиерите Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ после средбата во Загреб на која разговарале и за зајакнување на соработката во областа на енергетиката.

Хрватскиот премиер на заедничката прес-конференција рече дека разговорите за демаркација продолжуваат на ниво на министри за надворешни работи и дека постојат привремени модели како да им се олесни на рибарите од двете земји додека не се изнајде трајно и конечно решение, пренесе Хина.

Оптимист сум дека во скоро време ќе дојдеме до решение“, рече Пленковиќ и додаде дека некои прашања мора да се остават и за идниот мандат на премиерот Јанша, кого на крајот на април го очекуваат парламентарни избори.

Односите на границите треба да се релаксираат и да престанат да бидат товар за словенечките и хрватските рибари, бидејќи нивниот однос може да се реши на побениген начин од полициски казни“, изјави хрватскиот премиер.

Двајцата премиери повторно го пофалија подобрувањето на односите меѓу двете земји за време на нивните мандати.

Тие, патем, разговараа и за соработката внатре во европските институции по прашањето за Босна и Херцеговина и за залагањата Европската унија да ги поттикне тамошните политичари да се договорат за изборните реформи. Хрватскиот премиер ја нарече „одличен гест“ посетата на Јанша на Киев, кој во средината на март беше во главниот град на Украина со чешкиот и полскиот премиер.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)