Словенија на чекор од „портокалова фаза“

Словенечкиот инфектолог Бојана Беовиќ предупреди дека Словенија на есен може да ја снајде епидемиолошка катастрофа ако во август граѓаните постари од 50 години не се вакцинираат против корона вирус.

Беовиќ наведе дека во таа популација се повеќе од една третина од невакцинираните. Таа укажа дека бројот на дневните заразени е во пораст и дека тоа е очекувано со оглед на доминацијата на делта видот на вирусот којшто е позаразен.

Според проекциите, делта варијантата се брзо шири и ќе зарази голем број луѓе кои имаат услови за тежок тек на болеста, а не се заштитени“, рече Беовиќ.

Според нејзините зборови, државите кои имаат многу поголем удел во вакцинираната популација од Словенија немаат така брз пораст на хоспитализација, кој инаку би можел да се очекува.

Владата на Словенија објави денеска дека во словенечките овластени лаборатории со секвенционирање во периодот од 18 до 25 јули е утврдено дека во 98,1 отсто од анализираните примероци на корона вирус се работи за делта варијантата.

Заради влошување на епидемиолошката слика и растечкиот број на заразени Словенија кон крајот на оваа недела би можела од сигурна, „зелена“, би можеле да дојде во ризична, „портокалова“ фаза на епидемија, објави Словенечката државна телевизија.

Словенија во последните 24 часа имаше 181 случај на заразени со ковид-19, што е пораст од 71 отсто во однос на состојбата од пред седум дена, а проекциите зборуваат дека дневните зарази кон крајот на идната седмица би можеле двојно да се зголемат.