Смартфон телефони: Кинезите во офанзива

Кинескиот производител на смартфони „OnePlus“ го претстави новиот уред кој би требало да се спротивстави на телефоните од премиум брендовите како што се Samsung, Apple, LG и HTC.

Станува збор за паметен телефон 3Т, кој е во две бои – златна и сива и во две верзии, со 128 GB и 64 GB интерна меморија.

Под металниот капак го покренува 6 GB RAM и процесор од Qualcomm Snapdragon 821 од 2,35 GHz.

Енергијата ја црпи од батерија од 3.400 mAh, а корисниците ќе можат да уживаат vo 5,5 инчниот 1080p AMOLED дисплеј.

Уредот е опремен со оперативен систем Android 6.0 Marshmallow.

Со оглед на тоа дека има исклучително високи спецификации, цената од околу 440 евра за 64 GB и околу 480 евра за 128 GB претставува конкурентна понуда.