Снежно невреме во Црна Гора, евакуирани пет лица

LinkSense.mk

Поради снежното невреме денеска неколку патишта во Црна Гора се затворени, а пет лица на две локации во местото Студено се евакуирани.

После неколкучасовна акција за спасување, петте лица кои беа заробени во снежен нанос на две локации во местото Студено кај Даниловград се евакуирани“, соопштија од црногорската Служба за заштита и спасување.

Според нив, на една локација биле завеани две лица, а на друга тричлено семејство. Првата спасувачка акција завршила во 12.24 часот, а втората во 13.29 часот.

Затворени се магистралните патишта Плужине-Шќепан Поље, Подгорица-Колашин и Шавник-Жабљак, соопшти Автомото сојузот на Црна Гора.

На патот Рожаје-Кула-Пеќ во прекин е движењето на камиони со приколки и шлепери, поради одрон кај местото База затворен е и главниот пат Рожаје-Беране, а поради свлечиште во Соколовина затворен е и регионалниот пат Мојковац-Тара, а проблеми има и на регионалниот пат Р-13 од Колашин до Матешево.

Од саботата во Црна Гора се случиле 15 сообраќајни несреќи во кои се повредени шест лица.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА-ЕФЕ)