Советот за безбедност расправа за актуелната политичка и безбедносна состојба

LinkSense.mk

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седницата на Советот за безбедност посветена на актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко, извести МИА.

По завршувањето на седницата, како што е најавено, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.

На седницата учествуваат редовните членови на Советот, претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и универзитетските професори Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи и Трајан Гоцевски.

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност,  Виктор Димовски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.