СОНК ќе ја анализира одлуката од владината седница, дотогаш штрајкот продолжува

LinkSense.mk

Владата донесе одлука за ребаланс на Буџетот, со цел да се обезбедат пари за зголемување од 10% на платите во образованието.

Формирана е и работна група од надлежните министри со цел да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

Ги повика СОНК да ги прифатат понудените 10 проценти, но синдикатот се уште размислува за ова.

Денеска на седница синдикатот ќе ги разгледува заклучоците, па ќе се произнесе, но во меѓувреме штрајкот продолжува.