Сончево и ветровито

Сончево и ветровито време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој наместа ќе надмине брзина од 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Синоптичарите најавуваат за следните денови сончево време, но со посвежи утра. Од недела, дневната температура ќе биде во пораст.