Сончево со локална облачност, слаб снег во западните и северните делови

LinkSense.mk

Под влијание на влажен и студен бран, утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег.

Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.

Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, Потоа вo следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег.

Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.