Состанокот на Г20 во Рим мобилизираше 500 војници

LinkSense.mk

Лидерите на најголемите светски економии ќе се соберат во Рим овој викенд на првиот самит на групата Г20 во живо од почетокот на пандемијата, а главни теми ќе бидат ковид-19, економското закрењпнување и климатските промени.

Асмериканскиот претседател Џо Бајден ќе упати порака „Америка се врати“ после четири години острата дипломатија на Доналд Трамп, додека рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Џи Јипинг ќе учествуваат преку видео линк.

Заради нивното отсуство се намалени очекувањата од самитот, кој е вообичаено форум за договори меѓу сојузниците и ривалите различна сила – од Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, до Турција, Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Австралија и Европската унија.

Важна тема на состанокот се и климатските промени непосредно пред самитот кој почнува во Глазгов во понеделник.

Се очекува дека лидерите ќе го потврдат договорот за минимален данок за глобалните корпорации од 15 отсто и дека ќе расправаат за економското закрепнување после падемијата и ризиците поврзани со неа, како и за ееднаквата вакциннираност во светот.

Италијанскиот премиер Марио Драги рече дека самитот означува „враќање а мултилатеризмот, после мрачните години на изолационизам и изолација поврзаи со здравствената криза“.

Антониот Вилафранко од надворешнополитичкиот тинк-тенк ИСПИ, меѓутоа, предупрердува дека отсутноста на кинескиот и рускиот претседател „не е позитивен знак“.

Г20 не е трансатлантски формат, туку мултилатерален формат, за кој е фудаментално сите да дадат свој допринос“, изјави Вилафранко за АФП.

Со оглед на тоа дека состанокот на лидерите на земјите Г20 се одржува непосредно пред климатскиот самит на Обединетите нации во Глазгов, важна тема ќе биде забавувањето на глобалното затоплување.

Земјите од Г20 одговорни се за речиси 80 отсто од емисиите на гасови предизвикани од човечката работа, но се различно развиени и не се сложуваат по прашањето за темпото на дејствување.

Италија се надева дека Г20 заеднички ќе ја прифати целта на Обединетите нации за ограничување на глобалното затоплување на зголемување од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, што е една од аспирациите на Парискиот климатск договор од 2015 година.

Меѓутоа, државите не се сложуваат по прашањето за редукција на емисиите на гасови на нула до 2025 година.

Кина сака да ја постигне таа цел до 2060 година, додека Индија, укажувајќи на тоа дека е земја во развој, сеуште нема инкорпорирано таква цел.

Ризиците од постпандемиското закрепнување исто така ќе бидат тема на разговор во Рим – инфлација, растечки цени на енергенсите, проблемите со ланците за снабдување и забавувањето на кинескиот раст.

Не се очекуваат нови ветувања за вакцини против кови-19, но Италија сака да им помогне на сиромашните држави со дистрибуција на постоечките вакцини.

Глобалната солидарност во соочувањето со оваа пандемија прилично отсуствува“, истакна Ема Рос, висока научна соработничка во тинк-тенк „Чатхам Хаус“.

Рос смета дека Г7 не успеа, па сите очи сега се вперени во Г20 за да се види дали постои можаност за исчекор на тој поширок претставник на глобални челници.

Самитот се одржува во сабота и недела, но повеќето лидери своето пристигнување го најавија за утре па се очекуваат низа билатерални средби.

Бајден утре ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, за да се надминат тензиите откако Австралија веќе го откажа десетина милијарди вредниот договор за купување на француски подморници за да потпише одбранбен договор со Велика Британија и САД.

Американскиот претседател ќе се сретне и со папата Фрањо. Папата викендот ќе има средби и со индискиот претседател Наренд Моди и со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае – Ин.

На самитот се спроведуваат строги сигурносни протоколи, особено после судирот што се случи претходно, овој месец, во центарот на Рим меѓу полицијата и демонстрантите против задолжителните ковид-потврди на работното место.

Времено се воведени и граничните контроли, а над поголемиот дел од Рим на сила е забраната за летови.

Мобилизирани се 500 војници за безбедност на самитот којшто се одржува во римското предградие ЕУР, изградено за време на владеењето на Мусолини.

 

 

 

(Фото: ЕПА)