Со 400 страници документи македонската Влада ќе го враќа Груевски од Унгарија

LinkSense.mk

Со 400 страници документација Македонското Министерство за правда ќе го враќа Груевски од Унгарија.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес конференција рече дека со обемна документација Македонија ќе и објаснува на Унгарија зошто треба да и го врати екс премиерот Никола Груевски во постапката за екстрадиција.

Во меѓувреме, како што информираат од Владата, внатрешната контрола на МВР испитува како Груевски заминал од Македонија и дали имал помош од некој од полициските службеници, додека СВР Скопје истражува како било организирано бегството.