Спасовски: Груевски ќе одговара за се што направи

Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за се што и има направено на оваа држава, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21.

„И бегството и азилот и се што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата“, нагласи Спасовски.

Тој потенцираше дека во државава од секогаш имало бегалци, па затоа лани во септември е започната посебна оперативна акција за пронаоѓање на лицата во бегство и за четири месеци се пронајдени повеќе од 400 бегалци по кои имало распишано меѓународни или домашни потерници.

„Никогаш нема бегство од правдата. Каков човек може да бидете ако бегате и ги оставате оние кои што работеле за вас да бидат во судови, затвори и да носат одговорност, а вие да мислите дека ќе избегате. Се ќе си дојде на свое место. Секој ќе си носи одговорност“, порача Спасовски.