Србија, Иран и Италија ќе произведуваат „Спутник В“

Производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ наскоро ќе се организира во Србија и Иран, а во фабриката Адиене Фарма и Биотек во Италија за неколку месеци, соопшти денеска Кирил Дмитриев, извршен директор на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ).

„Руската вакцина веќе се произведува во Белорусија и Казахстан. Производството во Србија и Иран ќе почне наскоро. Потпишуваме партнерства со неколку земји и компании. Покрај тоа, очекувајте за неколку месеци производството на вакцини да биде организирано и во италијанската фабрика Адиене Фарма & Биотек“, рече Дмитријев.

Според претходни извештаи, РДИФ потпиша серија договори за производство на вакцината Спутник В во 20 погони во повеќе од 10 земји, вклучувајќи ги Индија, Бразил, Јужна Кореја, Кина, Србија, Италија, Белорусија и Казахстан.

 

(Фото: МИА)