Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Битиќи – Смит: Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој
Македонија

Средба Битиќи – Смит: Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој

февруари 22, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит.

На средбата од страна на соговорниците беа нагласени одличните економски врски што постојат помеѓу двете држави, што се препознава и преку неодамна пројавениот интерес на две компании од Обединетото Кралство да реализираат стратешки проекти во Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи ја информираше заменик-амбасадорката Смит за законските постапки околу реализацијата на стратешки инвестиции, притоа посочувајќи дека едната од овие две инвестиции е влезена во собраниска процедура, а другата е во процес на одлучување.

На средбата се спомена и најголемата компанија во земјава по приходи „Џонсон Мети“, чие позитивно искуство може да послужи и како пример за други компании од Обединетото Кралство да ја препознаат Северна Македонија како место за проширување на своите деловни активности.

Беше подвлечена и важноста од продолжување на унапредување на одличните политички односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи на взаемни придобивки кои произлегуваат од нив. Двете страни ја истакнаа и потребата од континуирана соработка и дијалог за да се одговори на заедничките гео-политички предизвици и да се искористат можностите што се појавуваат. Во овој контекст, стана збор и за претстојниот самит на ЕБРД, кој на почетокот на наредната недела ќе се одржи во Лондон, а каде ќе учествува и вицепремиерот Битиќи.

Дополнително, стана збор за значењето на регионалната економска соработка во рамките на Западен Балкан, при што од соговорниците беше оценето дека тоа претставува израз на посветеност за поттикнување на поблиски врски помеѓу државите од регионот, промовирање на стабилност и просперитет на патот кон членство во Европската Унија.

Вицепремиерот Битиќи и заменик-амбасадорката Смит изразија оптимизам за идната траекторија на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за понатамошно продлабочување на соработката во различни сфери.

актуелно битиќи Обединети Нации смит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.