Средба Вархеји-Мас: Македонија и Албанија се во агендата на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на Твитер соопшти дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија и дека разговарале за пристапниот
процес со Скопје и Тирана.

„Добра дискусија со министерот Хајко Мас денес. Разменивме мислења за Западен Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу“, напиша Вархеји на Твитер.

Вархеји и Мас разговарале и за поддршката на ЕУ на Западен Балкан во борбата против пандемијата од Ковид-19.