Средба Ковачевски-Мицотакис: Јакнат економските релации меѓу Грција и Македонија

LinkSense.mk

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари билатерална средба со неговиот грчкиот колега, Киријакос Мицотакис.

На средбата премиерите на двете земји разговараа за посветеноста, за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа.

Ковачевски на средбата со Мицотакис нагласи дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете држави се трансформираа во сојузништво потврдено и со членството на Македонија во НАТО.

Економската соработка помеѓу двете земји традиционално е на високо ниво, a соработката има потенцијал и понатаму да се развива и се поттикнува со континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и со градење на довербата во интерес на двете земји“, рече Ковачевски.

На средбата станало збор за постигнување договор за олеснувања во доменот на даночните политики и дополнително било констатирано дека градењето на цврсти економски односи и унапредување на билатералната соработка е важно, особено во услови на светска криза.

Ковачевски и Мицотакис ја потенцираа важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Заедничките енергетски проекти се од значење за Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на земјите од регионот.

На средбата било разговарано и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување на побрзa и одржлива соработка за економски раст.

Македонскиот и грчкиот премиер разговарале и за светската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и за потребата од заедничка соработка за ублажување на последиците од растот на цените на енергенсите за граѓаните и стопанството.