Средба на Заев со Ахмети денеска во Влада

LinkSense.mk

Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврија за МИА од Владата.

Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.

Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24 кој вечерва во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.

 

 

ФОТО:МИА