Средба на министерот Спасовски со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов

LinkSense.mk

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов.

На средбата од двете страни беше потврдена долгогодишната меѓусебна соработка, која досега резултираше со голем број заеднички спроведени активности и проекти, успешно реализирани во координација МВР и УНИЦЕФ, а од страна на заменик претставникот на УНИЦЕФ Ајвазов беше изразена благодарност до министерот Спасовски за континуираната поддршка.

Главниот фокус на состанокот беа програмата и активностите кои се дел од Работниот план на УНИЦЕФ со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за 2022 година, со вредност од околу 585.000 американски долари.

На состанокот една од темите беа досегашните и претстојните активности во врска со проектот финансиран од Канцеларијата на Европската делегација и УНИЦЕФ – „Правда за деца – ЕУ и УНИЦЕФ за правда по мерка на децата“, со вкупна вредност од 625.000 евра, предвиден да трае две години (01.11.2020– 31.10.2022) и разгледување на аспектите од досегашната и можните приоритети во идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Од страна на заменик претставникот на УНИЦЕФ Ајвазов беше нотирана активната соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и полициските службеници во изминатиот период, а од страна на министерот Спасовски беа уште еднаш потврдени отвореноста и заложбите за натамошно продлабочување на заедничката соработка.