Средба на Османи со амбасадорите на Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и Унгарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорите од неформалната група Ц5.

Османи и амбасадорите на Централно европските држави, на Австрија, Георг Вуцас, на Словенија, Милан Предан, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Дукс разговораа за тековни теми, за претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе
послужат како подготовка за состаноците во јуни.

Исто така, на средбата се отворила темата и за процесот на имунизација како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци.

Османи и амбасадорите заеднички констатирале дека регионалните формати на поблиска соработка, како помеѓу земјите членки на Европската унија, така и во регионот на Западен Балкан, нудат поволна можност за продлабочена координација, особено со справување со заеднички предизвици како што е моменталната пандемија.

Земјите од Централна Европа, оцениле тие, се наоѓаат во непосредно соседство на Западниот Балкан и се блиску поврзани, особено од економски аспект. Оттаму било потребно да се разговара за креирање на заеднички мерки и механизми подржани од Унијата кои ќе го олеснат справувањето со предизвиците со кои се соочуваме.

 

 

(Фото: МИА)