Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска

LinkSense.mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На средбата се разговараше за севкупните активности на советот, насочени кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Претседателката Кожуваровска ги претстави и планираните активности, кампањи, настани, стручни и научни собири и манифестации на советот во 2022 година, кога одбележува 60 години од своето постоење.

Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на советот за подигнување на јавната свест за одговорно однесување и меѓусебно почитување на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека едукативното дејствување е важна алка во процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со крајна цел – заштита на човечкиот живот.