Средба Путин-Лукашенко: Русија и Белорусија прават заедничка одбрана

Рускиот претседател Владимир Путин, после трииполчасовниот состанок со белорускиот колега Александар Лукашенко во Москва, соопшти дека во разговорот станало збор за воспоставување на заеднички одбранбен простор на двете земји.

Разговаравме за воспоставување на заеднички одбранбен простор и обезбедување долж границите“, рече Путин на конференцијата за новинари.

Тој истакна дека е разумно тоа што Русија и Белорусија ќе одржат масовни воени вежби во близината на западните граници, со оглед на тоа дека НАТО ги удвостручува своите трупи во тој регион.

Патем, додаде дека со Лукашенко се согласил двете земји да формираат заеднички, обединет, пазар за гасни и нафтени производи, а цените на гасот да се задржат на сегашното ниво и во следната година.

(Фото: ЕПА)