Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средношколците ќе ја бојкотираат наставата ако за еден месец не почне да се применува комбиниран модел
Македонија

Средношколците ќе ја бојкотираат наставата ако за еден месец не почне да се применува комбиниран модел

септември 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Од Сојузот на средношколци денеска соопштија дека Владата не го пригатила нивното најважно барање, учебната година да започне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја бојкотираат наставата.

– Нашето најважно суштинско барање, учебната година да започне со комбиниран модел не е прифатено од органите за образование и Владата.

Сојузот на средношколци веќе со недели е во постојан контакт со средношколци од сите градови и постигнавме консензус за следните чекори на Сојузот. Направивме компромис почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да започне од далечина, но доколку епидемиолошката состојба во текот на месец октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември.

Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, потенцираа од Сојузот на средношколци.

Средношколците сметаат дека затворањето на училиштата ги продолабочува нееднаквостите бидејќи околу 40.000 ученици во РСМ немаат потребни финансиски средства за учество во процесот за учење на далечина.

Тие ги пофалија чекорите на образовните власти кон подобрување на онлајн наставата преку создавање на националната платформа за учење на далечина, односно од дома, но констатираа дека, доколку утре, кога започнува учебната година, платформата не е функционална, некој треба да преземе одговорност за тоа.

– Ние немаме реагирано досега за националната платформа бидејќи сакаме да почекаме до утре како ќе започне учебната година од далечина.

Ако платформата не е функционална ние ќе бараме некој да преземе одговорност, не може да се „игра“ со образованието. Од април имавме многу време да се подготвиме и сега не може платформата да не биде функционална, посочија од Сојузот.

Од Сојузот наведоа дека во последните неколку недели направиле големи напори да се разгледаат барањата на учениците во земјата за комбинираниот модел на наставата и да се прифатат од институциите.

– Голем број барања се веќе примени од страна на Владата. Нашето прво барање учебната година да започне на 1-ви октомври, беше прифатено.

Практичната работа во средните стручни училишта ќе се спроведува со физичко присуство. Прифатено е барањето за децетрализиран пристап да училиштата, заедно со општините можат да одлучуваат за начинот на започнување на новата учебна година, во средните музички училишта да се избегнуваат активностите со музички хорови и отворање со половина капацитет на интернатите за средношколците, информираа од Сојузот.

актуелно бојкот настава средношколци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.