Српско-косовска граница: Дрвокрадци нападнале српски војници

Група дрвокрадци од селата кај Подуево отворила оган од автоматско оружје на патрола на војската на Србија во реонот кај селото Мрча, што е во непосредна близина на административната линија на разграничување со Косово, каде што претходно бесправно сечеле шума.

Белградски „Новости“ информираат дека група од десетмина Албанци од Косово се наоѓале во атарот на селото Мрча и со моторни пили сечеле шума што била во државна сопственост. Кога патрола на војската на Србија вршела патролна обиколка на границата, дрвокрадците пребегале на косовска страна, а потоа од таму стрелале со автоматско оружје кон војниците.

Во инцидентот нема загинати и ранети.