ССМ: Работниците треба да го искористат своето право на глас

LinkSense.mk

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение го изнесе својот став за претстојниот референдум.

Од ССМ сметаат дека работниците на претстојниот референдум треба да го искористат своето право на глас и да придонесат за подобра иднина.

„Сметаме дека работниците во Република Македонија на претстојниот референдум со користење на нивното уставно право на глас, ќе придонесат за поголема сигурност и подобрување на нивната економско-социјална положба во иднина – се вели во соопштението испратено по одржаните седници на Претседателството и Советот на ССМ.

Од ССМ наведуваат дека откако се членка на Европската конфедерација на синдикати активно се вклучени во креирањето на социјално-економската политика и социјалниот дијалог на европско ниво и имаат поголем проток на информации за промоција на трудовите стандарди, владеењето на правото и хармонизирање на националното со законодавството на ЕУ.