Стапката на инфлација скокна за 50 отсто

LinkSense.mk

Инфлацијата останува во контролирани рамки иако во однос на последните проекции ќе се зголеми за отприлика 50%.

Најновите проекции упатуваат на инфлација од 3,1% во 2021 година, соопштија од Народната банка во најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции.

Следната година се очекува нормализација на овие фактори и забавување на инфлацијата, при што би се свела на 2,4%, а потоа постепено на околу 2% на среден рок.

Народната бана на очекува позначителни пренесени ефекти од моменталниот раст на цените, со оглед на оцените за умерено закрепнување на побарувачката, наспроти предупредувањата на експертите дека од почетокот на идната година сметките за  електричната енергија би можела да се зголемат и за 50%.

Централната банка очекува во оваа и следната година, економската активност да расте со идентична стапка на раст од 3,9% и постепено да достигне стапка од 4%, на среден рок. Во целиот период на проекциите, се очекува дека растот и натаму ќе произлегува од домашната побарувачка, додека нето извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции.

Под влијанието на пролонгираното траење на пандемијата, на меѓународните пазари и понатаму постои голема променливост на цените на примарните производи, а со тоа и неизвесност околу движењето на увозните цени, како на краток, така и на подолг рок, се вели во извештајот на Народната банка.