Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стартуваше вакцинацијата против Ковид-19, половина од новозаразените се со британската мутација
Скопје

Стартуваше вакцинацијата против Ковид-19, половина од новозаразените се со британската мутација

февруари 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
– Со вакцинација и почитување на мерките за заштита ќе се сузбие пандемијата со КОВИД-19, уверуваат здравствените власти. Вакцинацијата против КОВИД-19 во земјава почна вчера во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со вакцината на „Фајзер“ беа вакцинирани докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, а потоа следеше и вакцинација на другите од таа јавна здравствена установа.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат против КОВИД-19.
– Вакцините се безбедни, развиени на сигурни платформи. Штитат 100 отсто, буквално сите вакцини кои се сега на пазарот, штитат од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот, потенцираше Филипче. Додаде дека се уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот.

Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава. Пунктот во модуларната болница, каде има шест вакцинални позиции работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во Скопје, а другите се во останатите градови. На секој здравствен работник кој примил вакцина веднаш му се резервира втора доза за ревакцинација.

Имунизацијата од Модуларната болница се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови. До крајот на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева вчера изјави дека наскоро ќе донираат вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаат доволно количества од ЕУ.

Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.

-Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Северна Македонија, вели Захариева.

До вчера до 14 часот вкупно 53.070 граѓани беа пријавени за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, а преку матичните лекари 24.958 лица.

Нови 347 случаи на КОВИД-19 од направени 2.383 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство. Оздравени се 168 пациенти. Починаа седум лица, од кои шест во болнички услови, а еден во домашни услови.
Од новите позитивни на КОВИД-19, повторно најмногу има во Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево по 6, Битола, Гостивар и Делчево по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница по 3, Ресен, Валандово и Кратово по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица по еден. Од починатите лица, четворица пациенти биле од Скопје, на возраст од 80, 79, 69 и 61 година, по еден пациент од Куманово (80 години), Велес (66 години)  и Прилеп (61 година).
Од Министерството за здравство информираат дека вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид-центрите. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број на  ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројот на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.
актуелно вакцинација старт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.