Стартува кампањата „#НосамМаска“

Владата на на Северна Македонија и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за
заразни болести за заштита од корона вирусот.

Кампањата, која ќе оди со слоганот #НосамМаска, е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи.

„Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме напандемијата“, соопштуваат од Министерството за здравство.

#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.