Американската тенисерка Слоун Стивенс првпат во кариерата ја освои титулата на УС Опен, откако во финалето ја совлада сонародничката Медисон Киз со 6-3 и 6-0.
Стивенс, дури 83-та тенисерка на светот, до првиот грен слем трофеј дојде со надмоќна игра, препуштувајќи и на противничката само четири гема за време од еден час.
Стивенс во првото американско полуфинале во Њујорк после тоа во 2002 година беше доминантна за голем подвиг, и тоа само три месеци откако се врати на теренот после едногодишна пауза.
На новата ВТА листа Стивенс ќе направи голем напредок. Од утре таа е веќе седумнаесета тенисерка на светот.
УС Опен се игра за вкупен награден фонд од 50,1 милион долари.









