Стивен Сигал доби руски пасош

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му врачи руски пасош на американскиот актер Стивен Сигал и рече дека се надева дека тоа ќе биде знак за затоплување на односите меѓу Русија и САД.

Шеесет и четиригодишниот актер е редовен посетител на Русија во последните години и неколку пати со Путин присуствувал на натпревари во боречки вештини, кои на двајцата им се омилени.

putin-sigal-2

Сигал, исто така, отворено ја бранеше политиката на рускиот лидер и ја критикуваше американската влада.
Путин на Сигал со указ на почетокот на ноември му даде државјанство, а денес го прими во Кремљ и му врачи пасош.

На церемонијата која ја пренесуваше руската државна телевизија Путин рече дека се надева дека ова е „знак за постепена нормализација на односите меѓу двете држави“.

putin-sigal-3

Сигал, мајстор за аикидо кој поседува црн појас седми дан во таа боречка вештина, земајќи го пасошот во неколку наврати рече дека би сакал да има брат каков што е Путин, кој има црн појас во џудо.

Покрај тоа што е инструктор во аикидо во јапонија, актер и гитарист, Сигал е и борец за заштита на животната средина и за правата на животните.

Russia's President Putin meets U.S. actor Seagal in Moscow

Сигал во јануари годинава доби државјанство на Србија, а не е единствениот западен актер кој добил руско државјанство.

Путин во 2013 година лично му предаде руски пасош на францускиот актер Жерар Депардје, кој ја напушти својата земја поради зголемување на даноците за граѓаните чии годишни приходи се поголеми од еден милион евра.