Стигнува нова „Династија“

Една од најгледаните сапуници во осумдесетите години, која девет сезони ги држеше гледачите ширум светот залепени за малите екрани, од 1981 до 1989, со 220 епизоди, прочуената „Династија“, наскоро повторно ќе заживее. Како?

Челниците на американскиот канал Си-Ви одлучиле да снимат филм според некогашната серија на Еј-Би-Си, на продуцентскиот маг Арон Спелинг.

Филмот би требало да биде прикажан кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Во костец со новата „Династија“ се фатија Џон Шварц и Стефани Севиџ и режисерот Бред Силберлинг. Со нив се уште двајца копродуценти, кои истото тоа знање го имаа и во оригиналната серија, Естер и Ричард Шапиро.

Естер, инаку, пред пет години се обиде заедно со Џоан Колинс, злобната Алексис, да иницираат продолжение на оваа сага, но не успеаја.

Филмот „Династија“ ќе биде раскажан од агли на две спротиставени жени – Фелон Карингтон (актерката Елизабет Гилис), ќерка на милијардерот Блејк (Грант Шоу) и жената која ќе и стане маќеа, Кристл (перуанската актерка Натали Кери).

Блејк: Гранд Шоу (новиот) и Џон Форсајт (стариот)

Станува збор за модерна сага која ги следи двете најбогати американски семејства, Карингтон и Колби, додека се обидуваат да го контролираат богатството на своите деца.

Во денешната ера, во која слични династии се појавуваат секаде, од риалити шоуа до музички таблоиди, оваа епска драма прикажува еден процент од својот гламур и сјај додека ни го открива мрачното подземје и корумпираниот свет, изграден на предавства, а во некои случаи и на убиства.