Страотен земјотрес на Хаити: 300 загинати и повеќе стотици повредени

Најмалку 300 лица загинаа, а стотици се повредени во разорниот земјотрес кој вчера ја погоди југозападната област на Хаити, соопштија локалните власти.

Потресот ја разруши оваа сиромашна карипска држава, рушејќи цркви, хотели, училишта и куќи.

Земјотресот бил со магнитуда од 7,2 степени, но после главниот потрес следеле серија нешто послаби, од кои утринскиот бил 5,9 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од градот Пети Труд Нип, околу 150 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс, на 10 километри длабочина, соопштија од американската Агенција за геологија.

Земјотресот се почуствува на Куба и Јамајка, а премиерот на Хаити, Ариел Анри прогласи вонредна состојба во четири најпогодени подрачја на земјата и порачадека нема да бара меѓународна помош додека не бидат  познати размерите на штетата.

Тој потврди дека некои градови речиси потполно разорени и дека владата ќе им помогне на загрозаните, особено на оние бо крајбрежниот град Ле Кај.

Најважно е од рушевините да се извлечат што повеќе преживеани. Слушнавме дека локалните болници, посебно таа во Ле Кеј, се полни со повредени луѓе“, рече премиерот.

 

 

(Фото: АП)